Едногодишно бебе е во кома откако проголтало дрога

Едногодишно бебе е во кома во болница во Италија откако проголтало дрога. Бебето чии родители се од Хрватска, било хоспитализирано вчера во многу сериозна состојба откако голтнало дрога, најверојатно канабиноиди.

Според италијанските медиуми, бебето било примено на интензивна нега во четвртокот навечер во болница во Фоџа и било ставено во индуцирана кома. Според првичните информации, станува збор за дете на хрватски родители, 34-годишна мајка и 39-годишен татко.