ЕУ: Што поскоро нова влада во Приштина и продолжување на дијалогот со Белград

0

Европската Унија повика на што поскоро формирање на владата во Приштина и продолжување на дијалогот со Белград.

„Потребно ќе биде уште некое време за конечните резултати, но владата ќе мора да се формира по завршувањето на процедурите. Пред Косово има важни задачи. Новата влада ќе мора да се ангажира кон напредокот на реформите, економскиот и социјалниот развој, владеењето на правото и продолжувањето на дијалогот со Белград што го посредува ЕУ“, наведе портпаролката, Маја Коцијанчич.

Таа додаде дека ЕУ ќе продолжи да работи со Косово и да промовира помирување, регионална соработка и добрососедски односи на Западен Балкан.