Заев се сретнал со Тачи: Се разговарало за предвремени избори?

0
82

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, денеска се сретнал со премиерот Зоран Заев, објавува „Тетова Сот“. На средбата се разговарало за актуелната состојба во земјата, како што е добивање датум за преговори на земјата во ЕУ, предвремени избори и многу други прашања.

По преземањето на мандатот на премиерот Заев, имаше многу средби меѓу Тачи и Заев, при што Тачи ја поддржа владата во многу области како што се промена на името, гласањето за двојазичност и многу други прашања во интерес на државата и Албанците.

Со слоганите „На прав пат“ и „Обнова на Македонија“, двата субјекти од македонскиот политички блок започнаа кампања за ревизија и составување на нови изборни програми.