Зеќири: Со Сиљановска и Дурловски заедно, Мицкоски не може да обнови ништо

0
52

Во ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски нема никакви промени, партијата се уште е заглавена во матрицата на деструкција и одбраната на криминалот. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да обноват ништо освен криминалиот режим и темните години на изолација и неизвесност, изјави Мухамед Зеќири, потпретседател на СДСМ.

„Дали лидерот на ВМРО-ДПМНЕ планира да изврши обнова или разградување на земјата преку Гордана Сиљановска која јавно кажа дека се залага за откажување од Договорот од Преспа и соработката со Албанците во државата? Ако Гордана Сиљановска е за поништување на Договорот од Преспа, ако за неуспешниот претседателски кандидат за Злбанците нема место во Република Северна Макеоднија, тогаш не може да се очкува ништо европско и прогресивно од ВМРО-ДПМНЕ“, рече тој.

Според него, појавувањето на Игор Дурловски во листата која наводно треба да ја обновува државата, значи најава на соништата од минатото за погазување на парламентарната демократија во земјата. „Најава за нов крвав четврток или црн понеделник во Собранието“, вели Зеќири.