Инстаграм го укинува „Following“ табот во мобилната апликација

0

Инстаграм го потврди ова истакнувајќи дека „Following“ табот ќе се исфрли од неколку причини. Главна причина е фактот дека најголем број од корисниците не ни знаеле дека оваа опција постои.

Така корисниците на Инстаграм нема веќе да можат да имаат увид во активностите на нивните Инстаграм пријатели, туку само во своите.

Проблемот кој Инстаграм го има со „Following“ табот се состои од два дела. Прво, функцијата останува неискористена од страна на голем број корисници, па затоа нема зошто да постои.

Второ, понекогаш оние кои ќе дознаат за постоењето на „Following“ табот, добиваат предупредување дека нивните Инстаграм активности можат да бидат видени од страна на другите корисници, што доста од нив не го одобруваат.

Од оваа недела „Following“ табот ќе биде целосно отстранет.