Ирачките сили со солзавец ги растеруваат илјадниците демонстранти во Багдад, 42 загинати за два дена

0
58

Вчера најмалку 42 лица загинаа во протести во различни делови на Ирак. Тие протесртираат против корупцијата и економските тешкотии со кои се соочува земјата, рече Али ал-Бајати, член на независниот ирачки висок комесаријат за човекови права.

Денеска стотици демонстранти се обидоа да ги пробијат блокадите на патиштата поставени од безбедносните сили во близина на мостот Џумари во центарот на градот.