Home Вести Македонија Македонија има најнискa просечна плата во регионот

Македонија има најнискa просечна плата во регионот

0
49

Според словенечкиот Завод за статистика, просечната нето-плата во таа земја изнесува 1.114 евра, јави Анадолија. Во исто време, тоа е единствената плата во земјите од регионот која го надминува прагот од 1.000 евра. Просечната плата во Словенија е двојно поголема од просечните примања во речиси сите земји од балканскиот регион, исклучувајќи ја Хрватска во која просечните месечни примања се движат околу 900 евра.

По Словенија следува Хрватска, исто така членка на Европската Унија, каде просечната плата во август изнесувала 6.438 куни, односно 864 евра. Следува Црна Гора, каде што според официјалните податоци на Заводот за статистика на Црна Гора – Монстрата, просечната заработувачка без данок во август 2019 година изнесувала 517 евра.