Марихуаната царува меѓу младите во Гостивар – синоќа нови приведувања

МВР информира за неколку случаи на лишување од слобода поради пронајдена марихуана. Синоќа, од 00.45 до 1.25 часот во гостиварска Долна Бањица, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода 19 годишник од ова село, затоа што при преглед во домот кај него била пронајдена марихуана.

На 11 октомври во 23.35 часот во тетовско Камењане, биле лишени од слобода 22 годишен жител на  Врапчиште и 21 годишен жител на Неготино-полошко, затоа што при преглед кај нив била пронајдена марихуана.

Триесет минути после полноќ, полициски службеници од СВР Скопје на улицата “50-та Девизија“ кај 17 годишен малолетник од Гостивар пронашле марихуана.
МВР информира дека по целосно документирање на случајите, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.