Гореше стан во Охрид – повредено едно лице

0
113

На 11.10.2019 околу 16,00 часот, во стан на булевар „Туристичка“ во Охрид, поради неисправна плинска боца, настанал пожар, во кој, К.С.(71) од Охрид се здобила со изгореници на десната рака.Пожарот, предизвикал оштетување и на соседниот стан, сопственост на С.П. од Охрид. Интервенирала Територијалната противпожарна единица која го изгасила пожарот.