Мицкоски: Знаеме како да ја ставиме државата на брза лента кон ЕУ

0
44

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со амбасадорот на Република Италија, Карло Ромео. На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба во државата како и стратешките приоритети на Македонија.

Мицкоски истакна дека европската перспектива е клучна стратешка определба за земјава и за ВМРО-ДПМНЕ и дека партијата има план и знае како да ја стави државата на брза лента кон Европската Унија.

– Државата во моментот е блокирана како последица на недостатокот на реформи и погрешните политики на владата на Заев – посочи Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ пред соговорниците обвини дека граѓаните и бизнисмените се соочени со проблеми поради корупција и криминал. Тој напомена дека ВМРО-ДПМНЕ бара брза разрешница на сите корупциски скандали во кои се вмешани високи претставници на власта.

Од партискиот центар за комуникации информираат дека покрај проблемите со владеењето на правната држава, Мицкоски ја посочил и влошената економска состојба која резултирала со ниско ниво на странски инвестиции кои се клучни за развој на македонската економија, како и ниска реализација на капиталните инвестиции и падот од 7 места на извештајот на Светска Банка „Дуинг Бизнис“.

Соговорниците се согласиле дека Република Италија е клучен партнер на Република Македонија во остварување на европскиот сон, а соработката помеѓу двете држави има простор и натаму да се продлабочува.