Мицкоски: Предвремени парламентарни избори за да се надмине кризата

0
185

Одлуката за недобивање на датум е пораз, но не пораз на народот, туку на политиките на Заев и оваа валст, навлезена во кирминал и корупција, рече во обраќање лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и додаде дека станува збор за политика која го втурнала македонскиот народ во многу отстапки и себепорекнување.

„Ова не е последица само на една пограшена одлука, туку на перманентни грешки за кои предупредувавме во континуитет“, истакна Мицкоски додавајќи дека тоа сега го испорачува цехот, а штетата е веќе направена.

Според претседателот на ВМРО-ДПНМЕ, народот посакува предвремени прламентарни избори за да се надмине кризата и оваа, како што кажа, неодржлива ситуација.

Тој повика на итна средба на државниот врв на која ќе се зборува за иднината на Македонија.

„ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи план, консултирајќи експерти, за соодветни реформи. Реформи кои ќе значат крупни чекори во иднина. Го имаме решението за равенката како Македонија да се направи современа и модерна држава“, порача лидерот на опозициската партија додавајќи дека актуелната власт имала шанса да испорача резултати, но дала само ветувања кои не постојат.

Мицкоски на крајот ги повика граѓаните да застанат со ВМРО-ДПМНЕ во одбрана на иднината на генерациите кои доаѓаат и иднината на Македонија.