Народен правобранител: Спорно е како тројцата функционери добиле звања на Тетовски – има индиции за незаконски хонорари

0
64

Во врска со дисциплинската казна против инспекторот Илиевски, народниот правобранител смета дека ДПИ незаконски постапил со донесеното решение бидејќи не ја почекал одлуката од Агенцијата за администрација по однос на поднесената жалба на инспекторот, пишува факултети.мк

Народниот правобранител оцени дека сѐ уште е спорно прашањето дали тројцата државни функционери од Тетовскиот универзитет (Арбер Адеми, Сафет Емрули и Агим Нухиу) незаконски биле унапредени во наставно-научни звања, а смета дека постојат индиции за повреда на правото бидејќи именуваните професори незаконски склучиле договори за интелектуални услуги за кои се верува дека добивале и парични средства.

Извор факултети.мк