Бугарски обвинител покрена обвинение против 18 годишен маж поради употребата на расистички знаци за време на натпреварот со Англија на квалификациите за ЕУРО 2020 во Софија. Англија ја победи Бугарија со 6 спрема 0, но натпреварот беше нарушен од домашните навивачи кои гостинските играчи ги навредуваа со нацистички поздрави и со имитирање на мајмуни.
Младиот навивач е обвинет за непристојни дела, нарушување на јавен ред и изрази на непочитување кон општеството. Тој е приведен на 72 часа и в петок ќе треба да се одлучи дали ќе му биде продолжен притворот.