Непотребни долги редици во аптеките

0
55

Граѓаните се суште не се доволно запознаени со новата мерка за укинување на квотите за лековите од позитивната листа. Без оглед на вчерашната одлука, и денеска граѓаните ги запоседнаа аптеките во потрага по лековите препишани од нивните лекари. Информираните граѓани ја поздравуваат ова мерка и велат дека со ова ќе штедат во време и пари.

“Многу добро е така, бидејќи кога има само до 15 има многу гужви и луѓето доаѓаат да си ги земат лековите. Мислам дека укинувањето на квотите е многу добра мерка. Да не се прави гужва тука, луѓето кога ќе имаат време ќе си ги земаат лековите“.

Директорот на ФЗО, Ден Дончев, рече дека со ова ќе се стави крај на долгите чекања, недостатокот на лекови и злоупотребата на лековите.

Од Фондот велат дека право на подигање на лек ќе имаат и роднините на пациентите кои се болни. Според Фондот и лицата на кои им е истечен рокот на личната карта ќе добијат лекови, но под услов да имаат и друг документ за идентификација со цел да се избегнат злоупотреби.

Извор Алсат