Николов до Дончев: Не сте биле на лекар за да знаете што им се случува на пациентите и здравствениот персонал

0
204

Небулоза е дека ќе има лекови секој ден за граѓаните благодарение на НАТО и Европската унија и на зголемена економска активност, рече доктор Игор Николов на гостувањето на телевизија Телма укажувајќи му на директорот на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев кој рече дека оваа мерка се должи на зголемената економската активност, приближувањето на државава кон евроатлантските структури.

Според Николов лековите реално си ги плаќаат самите граѓани преку уплатите во Фондот.

-Лековите ќе ги платат и лекарите со насилството кое се случува врз нив. Наместо реализирање на ветувањето поедноставен начин за издавање на рецепти, сега се е усложнето. Нема ништо од ветувањето. Сега што се случува, матичниот може да напише лек на рецепт откако ќе има извештај од специјалист. Тоа е шетање на пациентите од матичен лекар до специјалист и повторно кај матичен. Ако ова не се случи матичниот не може да препише лекови, или ако препише следат високи казни за нив, па мора да земат кредит за да ја платат казната, објасни Николов.

Тој укажа дека директорот на Фондот за здравство, Ден Дончев кој беше дел од дебатата на Телма оти не бил на лекар за да знае што се случува.

-Од каде ви е вас здравственото осигурување, од Македонија или од странство. Сте биле ли некогаш на матичен лекар да видите како оди тоа, го праша Николов, директорот на Фондот, Дончев.

Според него треба да се среди целиот систем, односно матичните да се поврзат со секундарно и терциерно здравство.

-Пациентите вадат крв на Клиника и матичните не можат да го видат тоа, туку мора пациентот да го земе резултатот и да го однесе кај матичниот лекар. Потоа матичните лекари се приморани да пишуваат во здравствените книшки. Позитивната листа не е корегирана од 2015 година, рече Николов.

Доктор Николов укажа дека нема ништо ниту од новиот клинички.

-Во Штип не направивте ништо, на Интерни клиники не се залепени плочки, нема ништо од новиот клинички.. Кога ќе започнете со новиот клиники, 2025 година, земјиштето не е испитано, праша Николов.
Извор:kurir.mk