Основното јавно обвинитлство за гонење на организиран криминал и корупција денеска соопшти дека „најостро ги демантира“ наводите изнесени во италијанскиот весник „Ла Верита“, во кој според Обвинителството во текстот има невистинити и непроверени факти.
Демантот доаѓа отакако денеска медиумите во земјава пренесуваа текст на „Ла Верита“ објавен денеска во кој пишува дека „притворањето на пратеничката Фросина Ременски делува како битна амортизација со која премиерот Зоран Заев се обидува уште еднаш да се спаси од кривична одговорност“.