Богатото културно црковно наследство од ден на ден се повеќе осиромашува. Верските објекти во Охридско-струшкиот регион особено во руралните средини сеуште се мета на крадците. Вредни икони,фрески и други црковни предмети од македонските светилишта многу често завршуваат на црните пазари.Експертите сметаат дека се потребни системски промени и построга законска регулатива.
Освен што се крадат икони, проблем е и нивното одржување. Поради недостиг од средства и стручен кадар, дел од нив со децении не се реставрирани и конзервирани и се распаѓаат.
Некои од црквите црквите се оставени сами на себе, без видео надзор, аларми или чувари.
Инаку кражбите во црковните храмови во охридско, струшко и дебарско ја оставија Македонија без 600 вредни икони на Дичо Зоограф со што се изгуби непроценливо културно историско богатство.