Петров: СДСМ комуницира транспарентно, ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести

0
96

Во вечерашниот дебатен магазин ClickPlus на ТВ21, темата беа креирањето и ширењето на лажните вести.

Потпретседателот на СДСМ, Коста Петров беше еден од четирите гости со кои дебатиравме, а тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е партијата која креира и шири лажни вести.

„СДСМ како партија не креира, ниту шири лажни вести, туку комуницира транспарентно, одговорно и во интерес на јавноста. Од друга страна од ВМРО-ДПМНЕ се игра целосно нечесна игра“, рече Петров.