Полициска акција – Приведени шест лица

0
113

МВР информира дека синоќа во 04 часот, полициски службеници од СВР Скопје, на улицата „Анастас Митрев“ го привеле 26-годшниот С.Т. од Кратово, поради тоа што при преглед кај него била пронајдена непозната прашкаста материја, а исто така претходно во 01 часот, полициски службеници од СВР Скопје, на улицата „ Кеј 13ти Ноември“ во Скопје, од слобода го лишиле 28-годишниот С.Ц.од Скопје, поради тоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана.

МВР претходно, 20 минути по полноќ од слобода го лишиле 38-годишниот П.М. од Скопје, поради тоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана, а истиот ден на граничен премин „Табановце“ од слобода бил лишен З.Т.(23) од селото Желино, тетовско, поради тоа што се наоѓал на стоп листата за издржување казна затвор за сторено кривично дело „кражба“. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Во текот на вчерашниот ден во 18.45 часот на граничен премин „Табановце“, при пасошка контрола, било констатирано дека А.Р.(37) од Република Србија се наоѓа на стоп листата по барање на Интерпол Швајцарија. Тој бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка, а исто така во 12.45 часот во казнено-поправната установа „Идризово“, А.Д.(21) од Скопје дала на увид фалсификувана лична карта, поради што била приведена.

Таа била предадена во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка.