Предизборни вработувања се нижат

0
195

Полнењето на државната и јавната администрација продолжува. Имено, распишани се огласи за вработување на околу 20 тина државни службеници во министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, министерството за правда и комисијата за заштита на конкуренцијата.

Имено, пред само две недели голем број на државни институции објавија оглас каде што се бараше вработување на над 100 ина државни службеници. Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски како и премиерот Зоран Заев во опозиција ја критикуваа тогашната влада на ВМРО-ДПМНЕ дека ја преполнува државната администрација, за сега од позиција на власт масовно да вработуваат кадри.

Но, и покрај овие огласи министерот Дамјан Манчевски се уште не објаснил зошто се отвораат нови работни места кога тој самиот рече дека во наредниот период дел од државните службеници ќе бидат „убедувани“ да ги напуштат чиноничките позиции и да заминат на работа кај приватните газди.

Како еден од клучните сегменти зошто владата на СДСМ не доби датум за почеток на преговорите со Европската унија е и отсуството на реформа во администрацијата која според ЕУ требаше да биде професионална, непартиска и во функција на граѓаните.