Претседателот ќе има јавно обраќање, Владата ги разгледува опциите по Самитот на ЕУ

0
59

Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе има јавно обраќање по последните случувања во Брисел, каде што на Европскиот совет шефовите на држави и влади не постигнаа согласност за добивање датум за отпочнување на преговори за членство во ЕУ на Северна Македонија и Албанија.

Неофицијално се најавува и лидерска средба кај шефот на државата в недела на која се поканети претседателите на партии од македонскиот и од албанскиот блок.

Во меѓувреме, во Владата се одржуваат политички консултации на повеќе нивоа и се разгледуваат и анализираат сите опции и чекори што ќе бидат преземени по Самитот во Брисел.

Ставот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ се најавува дека ќе го изнесе претседателот на партијата, Христијан Мицкоски на прес-конференција.