Протести во Европа поради турската офанзива против сириските Курди

0

Илјадници луѓе учествувале во саботата на протестите во повеќе градови во Европа против турската воена операција во северна Сирија, чија цел е потиснувањето на милициите на сириските Курди.

Повеќе од 20.000 илјади луѓе протестирале во центарот на француската престолнина Париз, пренесе новинската агенција AFP. Меѓу демонстрантите кои носеле знамиња со написите „Турција упадна во Рожава (назив за курдските територии во Сирија), а Европа мирно гледа“, биле и неколку политичари од левичарските партии. Во Марсеј околу 6.000 луѓе протестирале на повик на Курскиот демократски совет во Франција (CDK-F), тврдат организаторите. Властите, пак, оценуваат дека имало 1.500 демонстранти.

Во Германија повеќе од 10.000 луѓе, главно Курди, им се придружиле на протесните марешви во Келн и повикале на завршување на офанзивата и го осудувале турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. Протести имало и во други германски градови, а во Франкфурт имало 4.000 протестирачи, објави полецијата.

Околу 3.000 луѓе учествувале на протестите во Виена во четвртокот, петокот и саботата, наведуваат организаторите. „Курдите ни помогнаа во борбата против Исламската држава и славени се како херои, а сега ги напуштивме. Тоа е многу нејасно“, рекол поранешниот европратеник Михел Реимон од партијата на Зелените, објави австриската новинска агенција APA.

Во Швајцаријa протести се одржале во Цирих и Белинцона, а во петокот во Берн, пренесува новинската агенција SDA.