Раст на прометот на индустријата на годишно ниво

0
35

Во август годинава во однос на август лани има пад од 0,8 отсто, а во однос на јули годинава пад од 14,1 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во август 2019 година, во однос на август 2018 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 2,7 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,9 отсто, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 7,8 отсто и Tрајни производи за широка потрошувачка за 8,1 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, прометот во индустријата на домашниот пазар во август 2019 година, во однос на август 2018 година, бележи намалување од 6,6 отсто.