Ременски, како осомничена во „Рекет“, пристигна во Кривичниот суд

Пратеничката Фросина Ременски во моментот е во Кривичниот суд, пред судија на претходна постапка.

Судијката на претходна постапка треба да одлучи дали ќе и одреди некоја од мерките на претпазливост, кои ги бара обвинителката Вилма Русковска, бидејќи од вчера и Ременски е осомничена во проширената истрага за „Рекет“’.

Денес во судот треба да се појават и таткото на Боки 13, Миле Јовановски, како и неговата асистентка.