Реџепи: За „гејци“ место во ИВЗ нема

0
54

Во ИВЗ нема место за  личности каков што е Скендер Бузаку порача реисот Сулејман Реџепи. На ваков начин поглаварот на верската заедница  одговори на ултиматумот кој му беше упатен завчера да ја напушти функцијата. Го повика Бузаку да дојде лично кај него  ако сака да поставува ултиматуми.

Изјавата се обиде да ја ублажи и релативизира муфтијата Мухамер Вејсели, директор на агенцијата за Халал стандартди и член на ИВЗ кој кажа дека доколку има било какви сознанија или докази за криминал кој го инкриминира реисот, треба да ги достави во полицијата или обвинителството.