Русија: Намалена потрошувачката на алкохол за време на владеењето на Путин

0
191

Русите може да имаат репутација на нација која консумира многу алкохол, но извештајот на Светската здравствена организација (СЗО) покажува дека потрошувачката на алкохол во оваа земја опаднала за повеќе од 40 проценти во споредба со 2000 година.

Според СЗО, ваквиот тренд се темели на серија мерки воведени од претседателот Владимир Путин откако дојде на власт во 2000 година, што вклучуваат ограничувања во продажба на алкохол и промовирање на здрав начин на живот.

,,Руската Федерација веќе долго време се смета за земја со најтешки алкохоличари – се вели во извештајот, додавајќи дека алкохолот бил еден од клучните фактори за брз пораст на бројот на смртни случаи во 90-тите години.

Студијата откри дека падот од 43% на потрошувачката на алкохол по глава на жител од 2003 до 2016 година е поттикнат од наглото намалување на потрошувачката на евтини пијалоци. Авторите на извештајот наведуваат дека овој тренд е фактор за продолжување на животниот век, кој достигна историски врв во 2018 година со просечна старост од 78 години за жени и 68 години за мажи. Во бурните рани 1960-ти, животниот век на мажите беше само 57 години.