Седум лица полесно повредени во сообраќајки во Скопје

0
86

Од сообраќај, според податоците на СВР Скопје полицијата исклучила 17 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, девет возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 19 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, двајца возачи почетници и 13 нерегистрирани возила.

Казнети се и 76 возачи за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак” подигнати се 57 возила.

Санкционирани се и девет возачи кои поминале крстосница на црвено светло, пет возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, четири возачи за неправилно престројување, тројца возачи за не користење на заштитен шлем на вел со мотор, мопед и мотоцикл, седум возачи за не носење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и девет возачи за користење мобилен телефон за време на управување на моторно возило.