СО ДАТУМОТ ЗА ИЗБОРИТЕ ПРОПАЃА И ВЕЌЕ ЗАКАЖАНИОТ ПОПИС

0
34

Избори повторно без попис. Одлуката за предвремени парламентарни избори токму во април кога конечно требаше и да се почне со пребројување на населението го одложува пописот. Попис пред изборите е невозможен поради технички причини, а кога би се спровел ќе зависи од Владата и Парламентот, вели директорот на статистика.

„Терминот април е воопшто непогоден за спроведување на пописот со оглед на тоа што веќе се закажани изборите и истиот ќе треба да се пролонгира. Можноста да се спроведе попис пред изборите, исто така, технички невозможна, бидејќи пописот е исклучително голема операција и самата организација е невозможно да се спроведе пред април месец“. – вели  Апостол Симовски – Директор на Државен Завод за статистика.