ПРЕБАРАЈ
МАКФАКС
СПОРТСтарт на Евролигата – Реал го доби Фенербахче, Звезда „падна“ во АтинаОбјавено пред 44 минути – 3 октомври, 2019Од TopSport.mk
Реал Мадрид ја отвори новата сезона во Евролигата со 81:77 победа над Фенербахче во Мадрид во интересен меч, кој не беше одлучен до последната четвртина.
Џеф Тејлор имаше 19 поени за Реал, додека Факундо Кампацо додаде 14 поени, 4 скока и 8 асистенции. За Фенер, Нандо де Коло имаше 22 поени, додека Дерик Вилијамс и Џефри Тејлор уфрлија по 19 поени, сепак недоволни за победа.
Панатинаикос пак, и посака добредојде на Црвена звезда во елитата со 87:82 победа во „ОАКА арената“. Дешон Томас имаше дабл-дабл (18 поени и 11 скока), Ник Калатес додаде 21 поен и седум асистенции и ја постигна клучната тројка со која ПАО поведе со 81:72 на 1:57 пред крајот спречувајќи кам-бек на српскиот клуб.
Црвена звезда имаше фантастичен старт за 17:8 водство по осум минути игра, но „зелените“ се вратија во игра во втората четвртина, за да направат предност која ја оддржаа до крајот. Тајрис Рајс имаше 12 поени за Звезда.
Баерн Минхен со 78:64 го совлада Армани Милано и покрај силното враќање на Луис Скола во Евролигата по 12 сезони. Германскиот тим беше предводен од Владимир Луциќ ос 18 поени и Нихад Ѓедовиќ со 16 поени. Во првиот меч од сезоната, Химки со 89:83 беше подобар од Макаби Тел Авив, предводен од Алексеј Швед (22 поени), Ентони Гил (18 поени, 6 скока и 4 асистенции).
ЕВРОЛИГА, 1.КОЛО
Химки – Макаби Тел Авив 89:83 (24:21, 24:19, 27:21, 14:22)
Панатинаикос – Црвена звезда 87:82 (14:17, 23:18, 29:18, 21:29)
Баерн Минхен – Армани Милано 78:64 (22:23, 20:11, 19:16, 17:14)
Реал Мадрид – Фенербахче 81:77 (30:21, 13:21, 21:13, 17:22)