Тамара Тодевска го “украде шоуто на Макфест“ со фустан кој чини 11.390 денари

0

Македонската јавност веќе добро е запозната дека изминатиов викенд се одржа 34-то издание на фестивалот на македонска музика „Макфест“. Публиката можеше да ужива во неверојатните изведби на македонските пејачи од кои за повеќето од нив може да кажеме дека имаат потенцијал да станат хитови.
Покрај 20-те изведувачи, на финалната вечер на „Макфест 2019-та“, свој перформанс имаше и македонската претставнична на Евровизија, прекрасната Тамара Тодевска.

Публиката ја дочека со громогласен аплауз, а така и ја испрати, онака како што доликува да биде прифатен еден од најдобрите вокали во Република Македонија.

Целата сала во еден глас ги пееше нејзините безвременски хитови: „Немирна“, „Седмо небо“, „Шила“, „Довидување таго“, кои ги изведе во придружба на нејзиниот оркестар и нејзиниот долгогодишен соработник Роберт Билбилов.

Како што многумина сакаат да кажат, Тамара “го украде шоуто“ на „Макфест“, не само поради нејзиниот глас туку и поради нејзиниот неверојатен изглед во кој блесна и ги засени сите.

Таа беше облечена во “шик“ фустан со анимален принт, а како додаток имаше црн ремен кој неверојатно ги изразуваше нејзините облини и фигура на телото.

Долгиот фустан од Guess чини 11.390 денари и е од брендовите на „Фешн Груп Македонија“.

Трендовката фризура и црвениот кармин на кој беше ставен акцентот неверојатно се вклопуваа во нејзиниот изглед.

Но, сепак мора да признаеме дека најубавиот детаљ кај Тамара е нејзината беспрекорна насмевка