Кој се ќе оди задолжително во пензија со наполнети 64 години?

0
139

Кој задолжително ќе треба да оди во пензија со наполнети 64 години,  административците или од приватниот сектор?

Од владата  без конкретен одговор, велат предлогот е од група пратеници кој допрва треба да се разгледува.

Сепак според минисерката Царовска предлог со кој нема да може да се пролонгира одењето во пензија од 64 на 67 години ќе ја растерети јавната администрација, но во  приватниот сектор  работникот и работотдавецот ќе може да се договорат ако има потреба тој да остане.

Според  премиерот Заев нема дилема законот мора да важи за сите и за приватниот и за јавниот сектор.