Туристичките работници бараат нов модел за субвенционирање

0
42

Нов модел за субвенционирање на туризмот е неопходен ако сакаме да бидеме во трка со соседните држави. Здруженијата од туристичкиот сектор со заеднички предлог бараат да се смени правилникот за државно субвенционирање чија примена истекува до крајот на оваа година, а е донесен пред 10 години. Олеснување на бирократските процедури и еднаков третман на странските и домашните тур-оператори се главни барања на здуженијата.

„Даваме можност домашните и странските тур оператори од сите земји да имаат еднаков можност за аплицирање за добивање на тие субвенции. Им се дава од секоја земја од светот можност да дојдат во Македонија и да кренат чартер доколку тие тоа го проценат. Исто така се скратуваат бирократските процедури, се дава една подиректна и по отворена насока“, рече Асим Меџедовиќ- кординатор на агенции на ХОТАМ.