Физичко лице се преставило како нов сопственик на 1ТВ

Пред Управата за јавни приходи се појавилo физичко лице кое се претставило како нов сопственик на 1ТВ. Ова го потврди и УЈП на денешниот брифинг, а истото се случило и кога се чешлала документацијата на телевизијата во сметководственото биро. Од таму не сакаат да го откријат идентитетот, освен дека се работи за физичко лице, а не за правен сублект.

Новиот сопственик потврдил дека му се отстапени уделите од телевизијата без надомест, а единствен услов било тој да ги плати долговите во сметководството.

Извор: Фактор