Франција ги кочи преговорите за ЕУ со нови услови

0
53

Франција стои цврсто на ставот дека пристапните преговори за Северна Македонија и Албанија треба да се одложат за половина година додека не се воведе нова методологија во пристапниот процес. В понеделник ќе има уште еден состанок за усогласување на ставот за ова прашање на ден пред самитот на ЕУ.

Отворањето на пристапните преговори меѓу Европската Унија и Северна Македонија и Албанија најверојатно ќе се одложи, најрано до следното лето, дознава РСЕ од дипломатски извори.Ова,како што јавува нашиот доиписник од Брисел Ѓераќина Тухина, е последица од цврстиот став на Франција која не попушта во барањето да се смени методологијата во процесот на проширување пред да отпочнат преговорите со Тирана и Скопје. Инаку, земјата претседавач со ЕУ, Финска повторно го измени нацрт заклучокот во петокот и го прилагоди според потребите на Франција. Во документот во кој имаше увид РСЕ стои дека првата меѓувладина конференција би се одржала „најдоцна во првата половина од 2020 година.“

За потсетување, меѓувладината конференција го одбележува отворањето на поглавјата во пристапните преговори.

/**/ /**/ /**/ Архивска фотографија- бугарскиот премиер Бојко Борисов и министерката за надворешни работи Екатерина Захариева
ВИДЕТЕ И ОВА:
Бугарија нема да го спречи датумот за ЕУ, но ќе става сопки

Главните претставници на земјите членки на ЕУ во петокот повторно се состанаа со цел да ги усогласат ставовите за отворање на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија. Дипломатски извори за РСЕ потврдуваат дека состанокот бил краток затоа што француската страна не го променила ставот и не покажала знаци дека ќе попушти. Се очекува в понеделник да биде одржан уште еден нов состанок на ниво на амбасадори во обид да се постигне согласност, на само еден ден пред министерскиот состанок. Во таа насока се и измените на нацрт заклучокот кој што до некаде ги исполнува француските барања и кои ќе бидат предмет на расправа на состанокот в понеделник.

Се очекуваше дека на состанокот на 15 ти октомври, министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ ќе одлучат да се отвора пристапните преговори за Северна Македонија и Албанија. Оваа одлука требаше потоа да биде потврдена на самитот на ЕУ кој ќе се одржи на 17 и 18 октомври во Брисел.

Но Франција неодамна им даде до знаење на земјите членки на Унијата дека сака да се промени методологијата за пристапниот процес, дека бара од Европската Комисија до март догодина да изработи стратегија со конкретни предлози за спроведување на новата методологија како и да извести за стварната примена на реформите во секоја од земјите кои се дел од процесот на проширување. Отворањето на пристапни преговори со Албанија и Северна Македонија, Франција го условува со усвојување на нова методологија.