Турците гранатирале американски позиции во Сирија

0
136

Додека западните лидери размислуваат за можни стратегии против Турција поради операцијата во Сирија, од турски позиции било пукано кон американските сили во Сирија, пренесуваат агенциите.

Францускиот и американскиот претседател Емануел Макрон и Доналд Трамп синоќа разговарале телефонски и се согласиле да одржуваат постојани контакти поради сѐ посилната турска офанзива во северна Сирија, објави кабинетот на францускиот претседател, истакнувајќи дека Макрон укажал на важноста на обидите да се заврши воениот напад.

„Франција и САД, делејќи ја загриженоста, тесно ќе ги координираат потезите во следните денови“, соопшти Елисејската палата.

САД го засилија притисокот врз Турција за да ја наговорат да ја прекине офанизавата порачувајќи дека „Анкара нанесува голема штета“ и би можела да биде соочена со потенцијално разорни санкции.

Републиканскиот сенатор Линдзи Греам ја обвини Турција за етничко чистење и најави дека со поддршка од демократите и републиканците Конгресот ќе изгласа силни санкции против земјата.

Турската офанзива почна во вторникот откако американскиот претседател објави повлекување на американските сили од Сирија. Трамп од тогаш се бори со обвинувања, сега главно од републиканските редови, дека им го свртел грбот на своите сојузници Курдите во Сирија.

Турција ги засили воздушните и артилериските напади на североистокот на Сирија во офанзивата насочена против курдските борци што ги зголемува шансите за хуманитарна катастрофа и ги засили преиспитувањата на Трамповата политика на Блискиот Исток.

Американските сили во северна Сирија биле вчера изложени на артилериски оган од турските позиции но никој не бил ранет, објави Пентагон и тој случај укажува на ризиците за американските сили додека Анкара ја води операцијата против курдските сили.

„Експлозијата се случи неколку стотици метри од зоната опфатена со безбедносниот механизам во областа во близина на Кобане и Турците знаат дека таму се распоредени американски сили“, изјави портпаролот на Пентагон морнаричкиот капетан Бук Девалт.

CNW
@ConflictsW
Official statement from the Pentagon
– US Forces came under artillery fire from Turkish positions
– No Casualties
– US forces did not withdraw from Kobanê #Syria #Turkey #US

View image on Twitter
36
1:43 AM – Oct 12, 2019
Twitter Ads info and privacy
41 people are talking about this
Американските сили не се повлекоа од тој регион, додаде тој.

Турското министерство за одбрана објави дека ги презело сите мерки за ниедна американска база да не настрада од оганот од позициите во близина на американските сили во Кобане.

„Беше прекинат оганот откако реагираше американската страна“, наведе турското министерство во соопштение.

„САД бараат Турција да избегне потези кои би предизвикале моментални одбранбени активности“, истакна Девалт.