Халими: Имам малку време за приватен живот, но свесно влегов во политика

0
224

Миликије Халими првата жена градоначалник на Арачиново за 24 инфо вели дека еманципацијата на жената и е на прво место. Како мајка и сопруга ветува нова градинка за најмалите жители на нејзината општина за наредниот период. За следните две години ветува отстранување на дивата депонија во општината, подобрување на условите во училиштата… За приватен живот вели дека нема многу време, но свесно влегла во политика и знаела кои се последиците. Сопругот и е најголема поддршка во животот бидејќи вели дека без поддршка од негова страна не би била тоа што е.

Две години откако сте на функцијата градоначалник. Што беше планирано за овој период, а што е остварено?

-Се трудам се што е планирано да се оствари. За година ипол остварени ни се краткорочни цели, како подобрување на условите во училиштата, позитивно мислење од МТСП за нова градинка која очекуваме да се изгради многу брзо, отстранување на дивата депонија, добивање на проект за вода од Агенција за рурален развој, итн.

Каква е соработката со централната власт?

– Соработката со централната власт е долична, и очекуваме уште поинтензивна да биде во наредниот период.

Колку новите обврски ви оставаат простор за приватниот живот?

-Многу малку време имам за приватен живот, ама свесно влеговме во политика, за да придонесеме за општеството.

Што им ветувате на граѓаните за следниот период и дали ќе се кандидирате на следните избори?

– Верувам дека канализацијата и водоснабдувањето еднаш за секогаш ќе се реши, и тоа ќе почнеме многу брзо, значи во нареден периoд. За кандидирање на следни избори, има многу.