Чавушоглу: Турција ќе возврати доколку САД воведат санкции

0
47
Dışişleri Bakanı Mevlüt Çavuşoğlu, Dominik Dışişleri Bakanı Miguel Vargas ve beraberindeki heyetle Dışişleri Resmi Konutu'nda bir araya geldi. Görüşmenin ardından Bakan Çavuşoğlu ile Bakan Vargas ortak basın toplantısı düzenledi. ( Cem Özdel - Anadolu Ajansı )

Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу предупреди дека Турција ќе возврати доколку САД воведат санкции поради нејзините воени операции во североисточниот дел на Сирија против курдските борци кои ги поддржува Вашингтон.

Анкара може да биде соочена со санкции, предложени од републиканскиот сенатор Линдси Грем и неговиот демократски колега Крис Ван Холен, кои би го погодиле имотот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и други високи претставници.

Според предлогот на Грем, би биле воведени и визни рестрикции и санкции за сите кои вршат воени трансакции со Турција.