Јанева денеска се враќа во притвор

0
30

Екс специјалната обвинителка во четвртокот беше пренесена во болница поради висок притисок и општа анксиозност. Нејзината адвокатка Ирена Фрчкоска во телефонски разговор за КАНАЛ 5 рече дека нема информација за сегашната здравствена состојба на екс обвинителката, но ако се има во предвид дека лекарите ја пуштаат претпоставките се дека нејзината состојба е подобрена.

Во меѓувреме, Апелација не донесе одлука да го преиначи притворот на Јанева поради поднесената гаранција во вредност од три страна, но донесе решение да го врати на повторно одлучување во Кривичниот суд барањето за укинување на притворот. Нејзиниот адвокатски тим најави дека ќе поднесе уште една жалба, овој пат за одлуката за негово продолжување за нови 30 дена, која беше донесена во четвртокот.

Укинување на притворот бара и одбраната на Боки 13 кој изминатиов период неколку пати беше пренесуван во болница, последно тоа се случи кога даваше исказ во Обвинителството, каде почна да повраќа и да се жали на болки во стомакот. На јавната седница во Апелација Јовановски зборуваше за неговото здравје посочувајчи дека имал две неуспешни операции на желудникот.

Инаку против Јанева и Боки 13, во четвртокот беше поднесено обвинение за случајот Рекет.. Во истовреме, обвинителството одлучи да ја прошири истрагата и за невладианата Меѓународен сојуз, во која меѓу осомничени се Боки 13, неговиот татко, како и пратеничката Фросина Ременски.