Џемпер на Курт Кобејн продаден за 334.000 долари

0
164

Волнениот џемпер на фронтменот на групата Нирвана, Курт Кобејн, е продаден на аукција во Њујорк за 334.000 долари. Џемперот кој Кобејн го носеше во 1993 година за време на „анплагд“ изведбата на MTV е продаден неиспран по речиси три децении, со сите флеки на него и дупки од цигари.

Од аукциската куќа „Џулиенс“ рекле дека Кобејновиот џемпер се смета за „свет грал на сите предмети од облека кои тој ги носел“.

Курт Кобејн изврши самоубиство во 1994 година, во својата куќа во Сиетл. Она што засекогаш остана се бројните песни, албуми и секако, снимките од конкретниот концерт, кој важи за еден од најуспешните анплагд-настапи во музичката историја.