Голем шумски пожар во близина на манастирот на Тоше Проески, Свето Преображение

0
81

Голем шумски пожар беснее во близина на манастирот на Тоше Св. Преображение над Крушево.

Во моментот на терен се околу 200 луѓе, кои се борат со огнената стихија. Пожарот вечерва е во непосредна близина на крстот, на 500 метри од манастирот, но пожарникарите од Крушево заедно со нивните колеги од Прилеп, потоа припадници на Армијата, на Дирекцијата за заштита и спасување, го контролираат огнот да не дојде до манастирот.

Додека имаше видливост делуваа и авионите за гаснење пожар на Дирекцијата за заштита и спасување и армиските хеликоптери. Во борбата со огнената стихија вклучени се и голем број доброволци од месното население во Крушево

Пожарот избувна во саботата околу пладне, на потегот од манастирот Св Преображение кон селата Арилево и Дијаци.

Гори млада дабова и букова шума, папрат и трње.

На терен и вечерва остануваат пожарникарите и месното население