Дали жените се повнимателни возачи од мажите?

0
236

Истражувањето е спроведено од страна на Smith’s Lawyers и вклучило 2.214 возачи во САД на возраст од 18 до 65 години. Дури 70% имале и друга активност која им го пренасочувала вниманието додека возат.

Резултатите јасно покажуваат кој пол е посклон кон нарушување на вниманието додека вози. Мажите пријавиле 22% повеќе употреба на паметни телефони додека се зад воланот и 74% почесто го вртат воланот со колена додека возат.

Исто така, во 70% од случаите, мажите имаат поголема веројатност да гледаат видео додека возат отколку жените, а значително се понеодговорни кон пешаците. Така, жените обрнуваат 260% поголемо внимание на пешаците, во споредба со мажите зад воланот.

Сепак, на некој начин, кога станува збор за негативно однесување при возењето, и двата пола се скоро еднакви. Студијата покажува дека 58,9% од анкетираните мажи консумирале храна и пијалок додека се зад воланот, додека кај жените тој процент е 58,2%.

Од NHTSA наведуваат дека ризикот од сообраќајна незгода се зголемува до 80% кога некое лице јаде или пие додека вози, а дури 65% од сообраќајните инциденти се предизвикани токму од оваа активност.