ЕВЕ ЗОШТО ПАДНАА ФЕЈСБУК, ИНСТАГРАМ И МЕСЕНЏЕР! Дали се работи за сајбер напади?

0
221

Фејсбук повторно беше активиран вчера, откако не работеше повеќе од еден час. Падот ги зафати сите главни платформи во системот Мета, вклучувајќи ги Инстаграм, WhatsApp и Threads.

Од компанијата ги објаснија причините за падот.

– Претходно денеска, поради технички проблем, луѓето имаа потешкотии да пристапат до некои од нашите услуги. Го решивме проблемот што е можно поскоро за сите што беа засегнати и се извинуваме за непријатностите – напиша на својот X (Твитер) профил Енди Стоун, директор за комуникации од Мета.

Потсетуваме, вчера имаше прекин на Meta апликациите за милиони корисници ширум светот. Гневните корисници наеднаш не можеа да влезат на своите профили, што ги натера да веруваат дека биле хакирани и нивните лични податоци украдени. Заедно со САД, прекинот стигна до Велика Британија, делови од Европа, Кина, Австралија и Мексико – со што цената на акцијата на Мета падна.

Грешките на Фејсбук и Месинџер се појавија кога корисниците забележаа дека се исфрлени од нивните сметки и не можат да се логираат повторно – дури и со вистинските ипасворди.

Сепак, нормалното функционирање на мрежите е воспоставено само час и половина по пријавувањето на дефектот.

Корисниците на платформата „Јутјуб“ пријавуваат прекин на видео платформата на Интернет, што засега погодува околу 5.000 корисници, по веста дека „паднале“ апликациите на компанијата Мета.

За овој проблем на мрежата Х (Твитер) се огласи и YouTube, кој е во сопственост на Google.

– Работиме на тоа! Ќе ги известиме корисниците кога работите ќе се вратат во нормала – се наведува во соопштението.

Сајбер напади?

А како што се шпекулира на социјалните мрежи, може да се работи за сајбер напад, со оглед на тоа што „паднаа“ четири апликации истовремено. Коментарите од типот „сето тоа падна во Супер вторник“, „ми мириса на сајбер напад“ и „нема шанси, Америка нема геополитички непријатели што може да ги добие со нарушување на информациските системи за време на избори“ одразуваат широк спектар на реакции. од загриженост до сарказам.

Инаку, Супер вторник го опишува денот во циклусот партиски избори за претседателска номинација во САД кога гласаат најголем број сојузни држави.

Во републиканскиот натпревар, 874 од 2.429 делегати на последната конвенција може да се добијат тој ден, вклучително и во двете најнаселени држави, Калифорнија и Тексас.