Двајца косовски и еден македонски државјанин ограбувале луѓе на пазарот во Гостивар

0
77

Двајца косовски и еден македонски државјанин ограбувале луѓе на Градскиот пазар во Гостивар.

Според информациите на Основното јавно обвинителство Гостивар, осомничените на 29 октомври со возило „фолксваген голф 4“, со косовски регистарски таблички, се паркирале во близина на Градскиот пазар во Гостивар. Пеш се упатиле кон пазарот и во погоден момент од задниот џеб на едно лице му украле паричник со лични документи и банкарска картичка.