Инцидент во Градската болница- Прилеп: Нападнат вработен

0
77

Вработен во Градска болница-Прилеп на ортопедско одделение, пријавил дека во текот на вчерашниот ден бил нападнат на работното место.

Денеска во 09.45 часот, Ј.К. (38) пријавил дека вчера, на 30.10.2019 околу 22.30 часот во Градска болница-Прилеп на ортопедско одделение, каде работи, бил физички нападнат од Т.К. (59) од Прилеп.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.