Изборите ќе се распишат на 12-ти април

0
80

На брифинг со новинарите денеска беше дециден дека парламентот треба да се распушти на 11 февруари, 60 дена пред изборите согласно уставот, во спротивно ако барањето за распуштање на Собранието стигне по 11 февруари, Џафери изјави дека ќе се одложат и изборите најавени за 12 април. Владата да не се повикува на Собранието и да не укажува што да прави парламентот вели Џафери откако премиерот вчера најави дека очекува Собранието да се распушти кон крајот на февруари за да не се загрози ратификувањето на пристапниот протокол за членството во НАТО. Сепак, Заев денеска ретерираше- рече дека конечната одлука е во рацете на Собранието.

Спикерот забележува што не бил поканет на лидерската средба каде партиите се договорија предвремените избори да се одржат на 12 април. Вели не постои ниту можност при евентуалното распуштање на Собрането, да свика вонредна седница за ратификација на протоколот за членството во НАТО и оти ратификацијата во таков случај ќе треба да го чека новиот собраниски состав.

Никаде не пишува дека Собранието ќе се распушти 45 дена пред изборите дециден е Џафери. Кон крајот на декември до Собранието треба да стаса предлогот со имиња за техничката влада. За на 3 јануари Џафери да ја закаже седницата за нејзиното изгласување. Техничката влада има мандат од 100 дена пред одржување на предвремените избори.

БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ СЛЕДЕТЕ НЕ НА FACEBOOK