Како работат скопските општини: Секој четври тендер се поништува

0
77

Во 2018-та во Скопскиот плански регион поништени се 254 постапки во процесот на јавните набавки. Станува збор за 18 локални самоуправи на кои секоја четврта јавна набавка им била несоодветна или близу 24 отсто од нив. Тоа е највисок процент во последните пет години. Истражувањето на невладиниот сектор кој врши мониторинг на јавните набавки констатирал дека се склучени и 27 договори без објавување на јавен оглас, а вредноста на тие набавки достигнала нешто над 750 илјади евра.

„Гледано по локални самоуправи, од вредносен аспект, најмногу јавни пари преку оваа нетранспарентна постапка во Скопскиот плански регион имаат потрошено Општина Центар 173 илјади евра или 22% од вкупната вредност на овие договори во Скопскиот регион – и Град Скопје 556 илјади евра или 71% од вкупната вредност на овие договори во Скопскиот регион“, рече Марија Георгиевска претседателката на ЗЕН.

Креаторите на извештајот велат дека загрижувачки е тоа што поголем дел од скопските општини немаат воведено систем за следење на реализација на склучените договори. Локалните самоуправи во Скопскиот плански регион заедно со Градот Скопје склучиле 1.082 договори за јавни набавки во вкупна вредност од близу 40 милиони евра. На ниво на цела држава вкупната вредност на тие набавки изнесува 756 милиони евра, што претставува 25 отсто од вкупниот буџет на Македонија.