Мицкоски со критики за економските политики на владата

0
76

Извештајот на Дуинг Бизнис каде се наведува дека македонската економија назадува седум позиции во однос на лани е показател дека во Македонија се случува економско цунами, односно економско фијаско. Вака лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски ја обвини денеска власта за како што вели потфрлањето на економски план и тоа во година која беше најавувана како економска. Загрижувачки според опозицијата е и вредноста на странски инвестиции која во споредба со сите земји од регионот е на историско најниско ниво. Мицковски се осврна и на капиталните инвестиции кои за девет месеци не стасаа со реализација ниту до 40 отсто.

„Поради неспособноста на оваа арамиска влада да спроведе, реализира проект, скратени се 3,25 милијарди денари кои што беа предвидени на почетокот на годината или нешто повеќе од 50 милиони евра коишто на почетокот на годината беа предвидени за капитални инвестиции, коишто како што кажав, ќе повторам требаше да ги менаџираат и реализира владата. За да истите бидат вратени во останати тековни трошоци во буџетот и служат за тоа за коешто ние ја предупредивме македонската јавност дека бидејќи се неспособни да реализираат економски политики, парите коишто не знаат да ги потрошат, ќе ги потрошат во обид за поткуп или да играат на картата на кратко помнење на граѓаните“, рече Мицкоски.