Убиецот на Нешковски, Игор Спасов во бегство

0
89

Ликот и името на Игор Спасов од попладнево е на наредба за приведување, а полицијата го бара на домашна адреса и во родниот Штип. Од првата потрага ќе зависи дали ќе биде распишана потерница по поранешниот специјалец, и осуден за убиството на Мартин Нешковски. Штипскиот суд ја распишал наредбата откако во петокот Спасов не се вратил на издржување на казната затвор во Идризово. Спасов изминатите 14 месеци од лани во август до сега бил на слобода откако штипскиот суд му ја прекинал казната поради здравствени причини.

Ова не е првпат Спасов да добие затворски отпуст од здравствени прични, лани имаше месец дена прекин за операција на менискус, па потоа се врати назад во Идризово и по неколку месеци повторно беше пуштен, а судот во Штип му ги прифатил медицинските документи дека треба да иде на терапија за проблеми со рбетот. Но кога по дванаесет месеци не му е продолжена судската терапија, Спасов одлучил да не се врати во затвор минатиот петок. Сега една седмица подоцна е распишана потерница по него, а од надлежните не откриваат детали дали имаат сознанија каде се наоѓа. Спасов издржува казна затвор од 14 години изречена во јануари 2012-та. Одлежа само 6 години.

Спасов е осдуен за убиството на Мартин Нешковски кој во јуни 2011 за време на прославата на ВМРО-ДПМНЕ по победата на парламентарните избори, беше брутално претепан затоа што сакал да се качи на бината. Спасов за време на изборите бил во Куманово на задача, но откако се вратил во Скопје бил повикан од колегите обебзедувачи на тогашниот премиер. Освен Спасов никој друг не одговараше за постапките на специјалецот. Адвокат на Спасов беше струмичкиот адвокат Ване Андреев, познат како близок пријател на актуелниот премиер Зоран Заев. Во таканаречените бомби се открива дека Спасов бил повикан од Дејан Митревски –Урко да дојде на партиската прослава да помогне со обезбедувањето. Спасов неколкупати беше повикан да сведочи и во рамките на истрагата СЈО за настанот.

Миомир Серафиновиќ