Ослободен осомничениот за трговија со 80-те мигранти во Ваксинце

0
81

Ден по рацијата на липковското село Ваксинце, каде беа пронајдени 81 мигрант од Блискиот исток, Обвинителството за организиран криминал нема конкретен одговор за мерката на безбедност за првоосомничениот Наим Алили. По апсењето и информативниот разговор во кумановската полиција, Алили вчера беше пуштен на слобода и покрај тоа што полициски извори потврдија дека се сомничи за делото криумчарење мигранти, пишува АЛСАТМ.

Од Обвинителството, кое е орган за покренување обвинението, кратко велат дека истрагата е во тек и дека се очекуваат мерки, не отфрлајќи ја можноста дека станува збор за поголема мрежа на трговци со луѓе.

Неколку дена порано, полицијата, врз основа на оперативни мерки во заедничка акција со тетовската полиција, изврши рација во објектот сопственост на Наим Алили од селото Ваксинце, каде се пронајдени 81 мигрант, од кои 19 биле малолетни. Органите на прогонот, емигрантите ги предадоа во Прифатниот центар во Табановце.