Протест спроти општинската зграда

0
99

Вечерва Владата ја одржуваше својата редовна седница во зградата на општина Битола.

Пред општинската зграда градоначалничката на Битола заедо со администрацијата и дел од советниците ги пречекаа министрите и премиерот.

Нивното доаѓање беше проследено со скандирање и транспарентни од група демонстранти од другата страна на реката.

Премиерот Заев беше прашан за тоа кој протестира.

„Веројатно се од групата која има три проблеми со срцето, душата и петите“, рече премиерот Зоран Заев

„Им се кине срцето на некои луѓе зашто ќе добиеме датум за почеток на преговори после 15 години, ги боли душата затоа што сме веќе членка на НАТО неколку месеци се во прашање и од петни жили се обидуваат да конструираат сценарио и лаги и вака да регираат. Мое останува да ги повикам ова е заеднички успех на сите, следуваат убави денови за нашата земја на правиот пат сме“,изјави Заев.